сабота, 3. јуни 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во Скопје – прво доживеал сообраќајка, па го нападнале

Драма во Скопје – прво доживеал сообраќајка, па го нападнале

Скопјанец бил нападнат откако доживеал сообраќајна несреќа, информира полицијата.

„Вчера во 14:40 часот во СВР Скопје, 57-годишниот Т.П. од село Волково, скопско, пријавил дека околу 14:10 часот на бул. „Никола Карев“, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од две лица. Полицијата презема потребни мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.