петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Хроника

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Повредени полицајци, оштетени полициски возила- еве ги деталите

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Повредени полицајци, оштетени полициски возила- еве ги деталите

Вчера околу 17:15 часот на улица „Скупи“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош биле попречувани од повеќе лица при извршување службени дејствија по претходна пријава од М.М. (53) од Скопје дека дел од овие лица физички го нападнале.

Тие фрлале со тврди предмети кон полициските службеници, при што повредиле двајца од нив, а оштетиле и три службени возила. Во врска со настанот биле приведени три лица, а се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.

Локални избори 2021