вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 130
home Хроника

Драма во Скопје: Нападнал дедо и внук, па ги качил во автомобил и предизвикал сообраќајка

Драма во Скопје: Нападнал дедо и внук, па ги качил во автомобил и предизвикал сообраќајка

Три лица, меѓу кои и 12-годишно дете се здобиле со телесни повреди при сообраќајна несреќа во Скопје, информира МВР.

-Вчера во 19:36 часот во Полициското одделение Мирковци 40-годишниот И.А. пријавил дека околу 13:30 часот додека неговиот татко 65-годишниот С.А. од село Кучевиште, заедно со неговиот 12-годишен син, на место викано „Кучкарник“, на езерце во близина на рудник, рекреативно ловеле риби, 48-годишниот дошол В.А. од село Мирковци, кој се претставил како сопственик на езерцето. По кратка вербална расправија, В.А. со тврд предмет го удрил С.А. во пределот на главата и откако забележал дека С.А. е повреден, ги зел двајцата во неговото возило и се упатил кон Мирковци, каде се судрил со возило „опел астра“ управувано од 51-годишниот Г.Т. од Скопје. Потоа С.А., Г.Т., 12-годишникот и В.А. биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде од страна на лекар, на С.А. му биле констатирани тешки телесни повреди, а како последица на незгодата со телесни повреди се здобиле Г.Т., 12-годишникот и В.А. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот – соопшти полицијата.

Коронавирус