вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 15
home Хроника

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Момче итно пренесено на Клинички откако било физички нападнато на автобуска, две лица уапсени

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Момче итно пренесено на Клинички откако било физички нападнато на автобуска, две лица уапсени
ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА

21 годишно момче вчера било нападното во Скопје од страна на три непознати лица.

Како што известуваат од Министерството за внатрешни работи вчера меѓу 17:30 и 17:40 часот во Скопје, на автобуска постојка на булеварот „Александар Македонски“ од страна на три непознати машки лица, кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“, физички бил нападнат 21 годишниот Н.С. од Скопје.

По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот, а 21 годишното момче со Брза помош во неконтактибилна состојба бил пренесен на Комплекс клиники „Мајка Тереза“

По преземени мерки, две лица се приведени во Полициска станица Кисела Вода поради сомнение дека се можни сторители на кривичното дело.

Од МВР соопштуваат дека се работи на целосно расчистување на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус