четврток, 6. август 2020. Вести денес: 172
home Хроника

Драма во Скопје: Бегале од полиција, удриле во бетонски столб, па избегале од возилото

Драма во Скопје: Бегале од полиција, удриле во бетонски столб, па избегале од возилото

На 20.06.2020 околу 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.“Боца Иванова“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје се обиделе да запрат патничко моторно возило “Шкода“, но возилото не застанало на даден знак и го напуштило местото на настанот.

-По ова на ул. “Македонско-Косовска Бригада 10“ истото возило удрило во бетонски столб и од возилото излегле две лица кои го напуштиле местото на настанот. Од полициски службеници на местото на настанот биле пронајдени, пиштол “берета“ 7.65мм, светла за сигнализација (флешери), одјавени скопски регистарски ознаки и туба за точење на бензин. Возилото е подигнато од местотот на настанот за понатамошна постапка, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус