вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 78
home Хроника

Драма во Сарај: Спасиле жена која се давела во Треска, набрзо потоа починала

Драма во Сарај: Спасиле жена која се давела во Треска, набрзо потоа починала

Граѓанин вчера попладне пријавил дека во Сарај, во водите на реката Треска, во непосредна близина на угостителски објект забележал женско лице како се дави и бара помош.

-Од страна на граѓани жената била извадено на брегот и според пријавата на граѓанинот,  се уште давала знаци на живот. Но, кога пристигнала Итна медицинска помош, од страна на доктор констатирана е смрт. Лицето е идентификувано и утврдено е дека се работи за М. Ц. (31) од Приштина-Косово, која била на гости кај нејзината сестра во Скопје, информираат од МВР.

Според пријавеното, несреќниот настан се случил  додека двете сестри се шетале покрај Треска,  М.Ц се лизнала и паднала во водата .

Увид извршен од Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина .

 

Коронавирус