понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во паркот „Аеродром“: Прво му го удрил автомобилот, па го претепал со метален предмет

Драма во паркот „Аеродром“: Прво му го удрил автомобилот, па го претепал со метален предмет

Во СВР Скопје вчера 23.22 часот било пријавено дека во парк „Аеродром“ бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од Д.П.(42) од Скопје врз М.А.(73) од Скопје.

Според пријавеното, Д.П. најпрво со своето возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки удрил во паркираното возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил М.А., а потоа и физички го нападнал со метален предмет.

Двајцата претходно имале расправија околу продажба на производи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.