среда, 12. август 2020. Вести денес: 182
home Хроника

Драма во маркет во Кочани: Му кажале да стави маска, па ги нападнал

Драма во маркет во Кочани: Му кажале да стави маска, па ги нападнал

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.Ѓ.(32) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 28.04.2020 пријавениот влегол во маркет каде од вработената му било укажано дека треба да носи заштитна маска.

Тој почнал да ѝ  упатува закани, а кога другиот вработен В.С. му рекол да го напушти маркетот, В.Ѓ.  физички го нападнал, користејќи и тврд предмет.

Коронавирус