среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 78
home Хроника

Драма во кумановскиот затвор: Затвореник се обидел да се самоубие

Драма во кумановскиот затвор: Затвореник се обидел да се самоубие

Дваесет и две годишниот затвореник во кумановскиот затвор, А.И. од Свети Николе се обидел да си го одземе животот.

Случајот во полиција е пријавен вчера попладне од страна на надзорник во затворот кој рекол дека А.И. се обидел да се самоубие на тој начин што во тоалетот кој се наоѓал позади кујната на затворот, со нож си нанел убодна рана во пределот на стомакот и рана во пределот на задната лева страна од вратот.

Истиот бил префрлен во одделение за Трауматологија во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде бил задржан на понатамошно лекување.

 

Коронавирус