среда, 22. март 2023. Вести денес: 56
home Хроника

Драма во Куманово: Полицаец ја претепал својата сопруга, од ударите паднала во несвест

В.Т. бил лишен од слобода, при што му бил одземен службениот пиштол, со две рамки и 30 куршуми.
Драма во Куманово: Полицаец ја претепал својата сопруга, од ударите паднала во несвест

Во текот на вчерашниот ден полицискиот службеник В.Т. во својот дом во Куманово околу 20 часот и 30 минути под дејство на алкохол започнал вербална расправија со својата сопруга Н.Т.(31).

По расправијата, тој физички ја нападнал.

Како што информираат од МВР, од нападот жената паднала во несвест.

В.Т. бил лишен од слобода, при што му бил одземен службениот пиштол, со две рамки и 30 куршуми.

За настанот веднаш бил известен и одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.

loading...