четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во Кавадарци: Со нож нападнал продавачка и ја исекол на увото, по хаосот одзел пари и избегал

Драма во Кавадарци: Со нож нападнал продавачка и ја исекол на увото, по хаосот одзел пари и избегал

Со нож била нападната продавачка синоќа во Кавадарци. Доктор Ратко Грков од Итната медицинска помош – Кавадарци за МИА истакна дека синоќа девојка побарала медицинска помош  и кажала дека била нападната во продавницата  во која работела. Притоа и била нанесена повреда, посекотина од два сантиметра со нож на ушната школка.

Според МВР, синоќа во 20 часот лице со закана со остар предмет, од вработена во продавница во Кавадарци, одзело пари од дневниот промет.

– Извршен е увид на лице место, се работи на расчистување на случајот, истакнаа од МВР за МИА.

Коронавирус