понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 81
home Хроника

Драма во градинка во Прилеп: Вработена физички нападната од сопруг на колешка

Драма во градинка во Прилеп: Вработена физички нападната од сопруг на колешка

Во Полициската станица Прилеп Г.Н.(53) од Прилеппред три дена пријавил дека истиот ден околу 12,30 часот во детска градинка на улицата ,,Марксова“ од страна на лицето В.И.(41) бил физички нападнат.

-Истиот ден, околу 18,15 часот во Полициската станица Прилеп В.И.(41) од Прилеп пријавила дека околу 12,15 часот во детската градинка каде била вработена, додека вршела распределба на храната дошло до расправија со Б.Н.(47), исто така вработена во градинката, при што била навредувана со погрдни зборови.  По кратко време, според пријавеното, во градинката дошол сопругот на Б.Н., Г.Н. и почнал расправија со пријавителката и во еден момент физички ја нападнал, информираат од МВР.

Лицата се повикани на разговор во полициска станица и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус