понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 164
home Хроника

Драма во Гостивар: Маскирани лица му влегле дома, застрелан со пиштол пренесен во болница

Драма во Гостивар: Маскирани лица му влегле дома, застрелан со пиштол пренесен во болница

Педесет и осум годишниот Е.Р. од Гостивар е повреден од огнено оружје откако маскирани лица му влегле во домот вчера околу 20:40 часот.

Од полицијата информираат дека три непознати лица со фантомки на главите заѕвониле на влезната врата, а оштетениот мислејќи дека е неговиот син се упатил кон вратата.

-Во тој момент лицата влегле во куќата и едно од нив физички го нападнало при што Е.Р. паднал на подот. Еден од сторителите вооружен со пиштол, испукал кон Е.Р. и го погодил во десната нога. Е.Р. е пренесен во Медицински центар Гостивар, каде му е констатирана влезно-излезна рана во пределот на десната подколеница, по што е префрлен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје, информираат од полицијата.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус