четврток, 23. мај 2019. Вести денес: 134
home Хроника

Драма во Горно Лисиче: Им се заканувал со пиштол, па го совладале пред да дојде полицијата

Драма во Горно Лисиче: Им се заканувал со пиштол, па го совладале пред да дојде полицијата

На 16.05.2019 година во 02:27 часот во СВР Скопје, А.П. пријавил дека во угостителски објект во Горно Лисиче, Д.Д.(26) од Скопје му се заканувал со пиштол.

Исто така, според пријавата, А.П. со негови пријатели успеале да му го одземат пиштолот и да го задржат Д.Д. до доаѓањето на полиција.

Лицето било приведено и предадено во Полициска станица Аеродром, а пиштолот бил одземен.

По целосно документирање на случајот против Д.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.