Во скопската општина Ѓорче Петров попладнево се случи вооружен инцидент.
Имено, како што дознава КУРИР, на улицата „4-ти јули“ кај слаткарницата Шехерезада, пукано е во полициски службеник.
Како што дознаваме од очевидци на настанот, вооружените лица кои пукале, веднаш по настанот избегале.
КУРИР побара одговор од МВР, па деталите за настанот ќе ги објавиме откако ќе ни бидат испратени.