петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во фурна во Скопје: Пијани и вооружени лица сакале да јадат без пари- со боксирач ја кршеле вратата, па ја нападнале вработената

Драма во фурна во Скопје: Пијани и вооружени лица сакале да јадат без пари- со боксирач ја кршеле вратата, па ја нападнале вработената

 На 22.04.2018 година е пријавено дека околу 00,15 часот во Скопје на улица „Христо Татарчев“ во фурна „Христина Клас“, додека Љ.Н.(64) од Скопје, била на нејзиното работно место заедно со нејзиниот син дошле три непознати лица во алкохолизирана состојба и побарале да јадат без пари.

Откако им било укажано дека не може да јадат без пари, едно од лицата кое имал боксирач во раката започнал да ја крши вратата и витрините од бурекџилницата.

По ова, Љ.Н. им рекла дека за 30 денари не вреди да се расправаат, а истите физички ја нападнале, едно од лицата вперило и пиштол кон неа.

По преземени мерки во врска со пријавениот настан во Полициска станица Кисела Вода се приведени А.Ф.(22), Ф.Б(25) и Г.Г.(29) сите од Скопје.

Се превземаат мерки за документирање на случајот по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Коронавирус