понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 58
home Хроника

Драма во Делчево: Пијан ја претепал мајка му, па се заканувал дека ќе си ги убие родителите

Драма во Делчево: Пијан ја претепал мајка му, па се заканувал дека ќе си ги убие родителите

На 25.02.2020 во 21:55 часот, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода К.Ѓ.(27) од Делчево поради тоа што, под дејство на алкохол, физички ја нападнал неговата мајка.

Потоа ја кршел покуќнината во домот и се заканувал дека ќе ја убие неа и неговиот татко.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.