среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во Ченто: Двајца браќа му се заканувале со пиштол и испукале неколку куршуми во воздух

Драма во Ченто: Двајца браќа му се заканувале со пиштол и испукале неколку куршуми во воздух

Маж од Арачиново пријавил дека двајца браќа му се заканувале со пиштол и испукале неколку куршуми во воздух по претходна расправија во врска со долг.

-На 21.09.2020 во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.Р.(43) од Арачиново, скопско, пријавил дека околу 08.15 часот во угостителски објект на ул. „Методија Андонов Ченто“, по претходна расправија за должничко-доверителски односи, Б.М. и неговиот брат му се заканувале со тврд предмет и огнено оружје, по што Б.М. испукал и неколку куршуми во воздух, соопштуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус