вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 52
home Хроника

Драма во Бутел: Гори куќа, ЕВН исклучува струја низ цела населба (ВИДЕО)

Драма во Бутел: Гори куќа, ЕВН исклучува струја низ цела населба (ВИДЕО)

Вистинска драма вечерва се одвива во скопски Бутел, каде гори куќа, дознава 24 Инфо.

На терен се две возила на противпожарната бригада, како и тимови на ЕВН кои ја исклучуваат струјата низ населбата.

Пожарникарите се борат да го локализираат пожарот за да не се прошири на соседните куќи на улицата Андре Мазон. Во меѓувреме е побарано засилување од две нови возила.