сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во Аеродром: 10.000 евра украдени во вооружен грабеж на улица, случаен минувач со прострелна рана заврши на Клинички

Драма во Аеродром: 10.000 евра украдени во вооружен грабеж на улица, случаен минувач со прострелна рана заврши на Клинички

Во текот на вчерашниот ден околу 16:30 часот во Скопје на улица „Руди Чајавец“ од страна на две непознати лица со моторцикл непозната марка, од кои едниот вооружен со пиштол било извршено разбојништво врз М.С.(49) од Крива Паланка, кој во тој момент излегувал од зградата, при што му одзеле 10.000 евра кои ги носел со себе.

При напуштање на местото на настанот едно од лицата испукал еден куршум и повредил случаен минувач, П.О.Д.(53) од Скопје. Повредената со возило на Итна медицинска помош била пренесена во  Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде и била констатирана прострелна рана во пределот на десната надколеница.

Извршен е увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.