На подрачје на Бит Пазар, вчера околу 22,20 часот, од полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода А.А.(21) и Ш.А.(22) двајцата од Скопје, бидејќи едното од лицата агресивно се однесувало, додека другото физички нападнало полициски службеник при вршење на службени дејствија.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.