четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 187
home Хроника

ДРАМА СРЕДЕ СКОПЈЕ: 14 годишник со нож нападнал аптекарка, таа му возвратила – тој се обидел да избега, но случајни минувачи го совладале на земја!

ДРАМА СРЕДЕ СКОПЈЕ: 14 годишник со нож нападнал аптекарка, таа му возвратила – тој се обидел да избега, но случајни минувачи го совладале на земја!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави Барање за поведување подготвителна постапка против дете за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

На 23 мај, детето во судир со законот, на возраст од 14 години, влегло во аптека на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје и од вработената побарало да му даде таблети „дијазепам“. Кога вработената му кажала дека таблетите не се издаваат без лекарски рецепт, тој преминал од другата страна на пултот и ѝ се заканил со нож. Потоа ја отворил касата и го одзел целиот дневен промет и повторно побарал од неа да му даде таблети. Во тој момент, оштетената го фатила за рака за да не избега, но детето ја удрило со тврд предмет и ѝ нанело телесна повреда. Вработената побарала помош од случајни минувачи кои го совладале и го задржале до доаѓањето на полицијата.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата за деца да определи мерка притвор за детето во судир со законот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство и да ја попречува постапката со влијание врз сведоците, како и поради фактот што веќе е евидентиран како сторител и на други кривични дела разбојништво за кои претходно определените мерки за помош и заштита не дале резултат.​​

Коронавирус