понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 162
home Хроника

Драма со скопско: Со автоматска пушка пукал кон својот роднина

Драма со скопско: Со автоматска пушка пукал кон својот роднина

Полицијата вчера околу 10 часот добила пријава дека во с.Мојанци-скопско додека И.С (29) излегувал од дворот со своето возило “Опел Вектра“ на патот пред возилото застанал неговиот братучед Е.С (33) со автоматска пушка во рацете, и  му рекол на И.С. да го запре возилото вперувајќи ја пушката кон возилото.

-И.С. се исплашил и го стартувал возилото во кое што бил и неговиот 17 годишен брат , а веднаш откако го одминал, слушнал како Е.С. испукал неколку куршуми. Од истрелите нема повредени лица и не била забележана материјална штета на возилото. Најверојатно причина за пукањето, според првични сознанија, е тоа што И.С. пријавил дека на 28.05.2018 година, Е.С. физички го нападнал, информираат од МВР.

На местото на настанот бил извршен увид и пронајдени и подигнати биле две чаури од автоматска пушка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Коронавирус