петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Хроника

Драма синоќа во Тетово: Полицаец повреден при апсење на лице осудено за убиство

Драма синоќа во Тетово: Полицаец повреден при апсење на лице осудено за убиство

Вистинска драма се одвивала вчера во Тетово на улицата „Страшо Пинџур“ вечерта околу 21:45 часот, која од страна на полициските службеници од СВР Тетово биле преземени мерки за приведување на 41 годишниот Г.Е.

Станува збор за лице од Тетово, кој се бара за издржување затворска казна во времетраење од 6 години и 5 месеци за сторено кривично дело „убиство“.

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека откако лицето било забележано на наведената улица како совозач во патничко моторно возило „Волксваген-Пасат“, од страна на полициски службеник била издадена наредба да се сопре возилото, при што непознатиот возач со голема брзина тргнал кон полицискиот службеник и со предниот дел од возилото го удрил во пределот на десното колено. По што Г.Е. извадил пиштол кој го вперил кон полицискиот службеник и иситот од службениот пиштол испукал еден проектил кон возилото.

На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицата.

Коронавирус