петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 62
home Хроника

Драма пред пицерија: Три лица и еден малолетник се обиделе да извршат убиство, веднаш завршија зад решетки

Драма пред пицерија: Три лица и еден малолетник се обиделе да извршат убиство, веднаш завршија зад решетки

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – „убиство во обид“.

Тројцата обвинети заедно со еден малолетник, на 14 јуни, пред пицерија во Гостивар, се обиделе да убијат едно лице. По банална расправија пред пицеријата, четворицата го нападнале оштетениот и со удари во главата и стомакот му нанеле тешки телесни повреди.

Постапувајќи по предлогот на надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар на тројцата полнолетни осомничени им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Коронавирус