среда, 2. декември 2020. Вести денес: 8
home Хроника

Драма на Водно: Од Црвен Крст тргнале да спасуваат повреден маж па излетале со возилото

Драма на Водно: Од Црвен Крст тргнале да спасуваат повреден маж па излетале со возилото

Вчера во 15,35 часот Т.Б. од Црвен крст во СВР Скопје пријавила дека над детското одмаралиште на Водно, додека се обидувале да стигнат до повредено лице на патеката, патничко моторно возило на Црвен крст “дачиа дастер“ излетало од патот и не биле во можност да пристапат до повреденото лице.

Од екипа на противпожарната бригада повредениот Г.С.(52) од Скопје бил извлечен, по што бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар констатирана била тешка телесна повреда што ја здобил додека се движел на Водно.

Коронавирус