понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Драма на Попова Шапка со странски туристи: Се пресретнале два ратрака кои пренесувале патници, па започнал хаосот

Драма на Попова Шапка со странски туристи: Се пресретнале два ратрака кои пренесувале патници, па започнал хаосот

М.С., косопственик на фирма од Тетово, завчера  околу 16:00 часот во СВР Тетово пријавил дека кај место викано „Вакуф“, во планинскиот предел на Попова Шапка, додека со ратрак превезувал патници по планинскиот предел, бил пресретнат од друг ратрак, сопственост на фирма од Скопје.

Според пријавеното, во тој момент од него излегол сопственикот на таа фирма, Т.Т.(49) од Хрватска, со регулиран привремен престој во Тетово, се качил на неговиот ратрак и почнал да ги навредува патниците – странски државјани и барал од нив да не се возат со ратракот на М.С., по што заминал.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Коронавирус