недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 80
home Хроника

ДРАМА НА ПЕТОК 13: Воз и автомобил се судрија кај местото Лозово- жена со повреди итно пренесена во болница

ДРАМА НА ПЕТОК 13: Воз и автомобил се судрија кај местото Лозово- жена со повреди итно пренесена во болница
ФОТО:ИЛУСТРАЦИЈА

На 13 декември 2019 околу 18:10 часот на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај с.Лозово, се случила железничка незгода во која патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Кочани удрил во патничко моторно возило„голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Б.(30) од с.Милино, информираат од МВР.

Во незгодата со повреди се здобила И.Б. која била пренесена во Општата болница Велес, за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.