четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 124
home Хроника

Драма на пазарот во Битола : Полицајци се обиделе да легитимираат лице кое не носело маска, се вмешале неговите родители и упатиле закани до службените лица

Драма на пазарот во Битола : Полицајци се обиделе да легитимираат лице кое не носело маска, се вмешале неговите родители и упатиле закани до службените лица

Против две лица на возраст од 40 и 43 години Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 20.10.2020 година, на пазарот во Битола, двајца полициски службеници се обиделе да легитимираат лице кое не носело лична заштита на лицето. Тој одбил да се легитимира. Во тој момент дошле неговите родители кои го повлекле назад и започнале да им се закануваат на полициските службеници.

Јавниот обвинител за двајцата обвинети предложи Судот да изрече условна осуда со утврдување на казна затвор од по три месеци која нема да се изврши доколку тие не сторат ново кривично дело во рок од една година.​

Коронавирус