сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 0
home Хроника

Драма на „Мечкаров“: Џип удри вработен на бензинската пумпа

Драма на „Мечкаров“: Џип удри вработен на бензинската пумпа

Педесет и седум годишниот В.С. од Скопје е тешко повреден откако вчера вечерта во него удрил џип.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила околу 23:15 часот на улицата „Христо Татарчев“ кај бензиската пумпа на “Макпетрол”.

-Патничко моторно возило „Џип Митсубиши“ со скопски регистарски ознаки управуван од Ј.С.(41) удрил во вработен на бензиската пумпа В.С.(57). Во незгодата, В.С. се задобил со тешки повреди – фрактура на левата нога и е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување лекарска помош, информираат од МВР.

Коронавирус