сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Доживеала хорор: Крадец ѝ влегол дома додека била во дворот, кога влегла вперил пиштол во неа и побегнал

Доживеала хорор: Крадец ѝ влегол дома додека била во дворот, кога влегла вперил пиштол во неа и побегнал

Полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ј.Ќ. (19) од с. Нераште поради извршена разбојничка кражба во текот на вчерашниот ден.

Вчера околу 06,30 часот во с. Отушиште-Тетово, во семејната куќа на В.Ѓ (69), тој извршил разбојничка кражба, на тој начин што преку незаклучената влезна врата влегол внатре во куќата и почнал да пребарува во просториите на првиот кат.

Во тоа време, В.Ѓ. (69) била во дворот на куќата и во моментот кога се обидела да влезе внатре, забележала дека вратата од куќата била отворена и слушнала тропање на катот. Се качила горе, при што го затекнала сторителот, кој вперил пиштол кон неа, а потоа побегнал.

Од страна на униформирани полициски службеници во с.Нераште бил пронајден сторителот, утврден е неговиот идентитет, се работи за Ј. Ќ. (19) од с.Нераште. Кај Ј.Ќ. бил пронајден и одземен еден гасен пиштол марка “МД 92ФС Блоубек“.

По документирањето на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус