понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Дошол кај нив дома за да купи „БМВ“, им оставил капар, а со новиот автомобил заминал да го донесе остатокот од парите – не се појавил!

Дошол кај нив дома за да купи „БМВ“, им оставил капар, а со новиот автомобил заминал да го донесе остатокот од парите – не се појавил!

На 15.04.2021 во 20.00 часот во Полициската станица Драчево, 24-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од К.Н. од Скопје.

Според пријавеното, на 13.04.2021 околу 17.30 часот во дворот од нејзината куќа дошол К.Н. и со нејзиниот сопруг се договориле за купопродажба на нивното патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, по што К.Н. им дал одредена сума и без да склучи договор го зел возилото и си заминал, со цел да го донесе и останатиот дел од договорената сума, но не се вратил и одбивал да разговара. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус