среда, 19. јуни 2019. Вести денес: 35
home Хроника

Домашно куче касна 8- годишно девојче од Скопје, против сопственикот ќе биде поднесен соодветен поднесок

Домашно куче касна 8- годишно девојче од Скопје, против сопственикот ќе биде поднесен соодветен поднесок

Во Полициската станица Бит пазар, вчера во 20 часот, С.А.(24) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18.30 часот на булевар „Македонско косовска бригада“ нејзината осумгодишна ќерка била касната од куче сопственост на лицето А.Л. во пределот на десната нога.

По целосно документирање на случајот, против А.Л. ќе биде поднесен соодветен поднесок.