петок, 14. мај 2021. Вести денес: 23
home Хроника

Додека бил заболен од корона, заминал за Швајцарија преку Табановце – поведена постапка против 42-годишник од Врапчиште

Додека бил заболен од корона, заминал за Швајцарија преку Табановце – поведена постапка против 42-годишник од Врапчиште

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 42-годишник од село Неготино, Врапчиште, на кого со Решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат му била определена задолжителна домашна изолација во траење од 20 дена, на 18 февруари остварил излез од државата преку граничниот премин „Табановце“ и се упатил кон Швајцарија.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот да определи парична казна за обвинетото лице кое не ги почитувало здравствените мерки.​​

Коронавирус