сабота, 17. август 2019. Вести денес: 91
home Хроника

Директорка на училиште вработила наставник кој немал соодветно образование

Директорка на училиште вработила наставник кој немал соодветно образование

Жителка на Демир Хисар, доби кривична пријава, поради тоа што како директорка на СОУ „Крсте П. Мисирков“ ја злоупотребила службената положба и го оштетила буџетот на Македонија за над 140 илјади денари.

„СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(51) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во текот на јануари 2019 година пријавената, како директор на СОУ „Крсте П. Мисирков“ во Демир Хисар, на оглас за вработување на наставник за стручни предмети од шумарско и дрвопреработувачката струка, избрала кандидат кој немал соодветно образование. По ова, на 01.02.2019 година, во Агенцијата за вработување, избраниот кандидат го пријавила за работно место кое не било не било наведено во конкурсот. Со ова, пријавената му овозможила на Б.Б.и да се стекне со противправна имотна корист од 140.977 денари на штета на Буџетот на Македонија“, велат од МВР.