среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 63
home Хроника

Директор на средно училиште доби кривична, организирал екскурзии без оглас и скапо им наплаќал на учениците

Директор на средно училиште  доби кривична, организирал екскурзии без оглас и скапо им наплаќал на учениците

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.А.(54) од с.Требиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во служба“.

Пријавениот, вработен како директор во СОУ „Маврово и Ростуше“, на 02.10.2018 организирал и спровел екскурзија без претходно објавен оглас и недозволено склучил договор со шест автопревозници за изведување на еднодневната екскурзија во Охрид, со што постапил спротивно на член 19, 20 и 21 од Правилникот за начинот на изведување на училишни екскурзии.

Исто така, И.А. на учениците за екскурзијата им наплатил цена повисока од реалната.

Коронавирус