вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 163
home Хроника

Дилер од Велес фатен на дело, еве како продавал хероин

Дилер од Велес фатен на дело, еве како продавал хероин

СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Д.(34) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 29.01.2020 на ул.„Љубљанска“, полициски службеници го забележале пријавениот како продава дрога на Д.А..

Лицето со такси возило дошло до куќата на Д.Д., по што возилото било сопрено и кај Д.А. бил пронајден и одземен хероин, кој го купил од Д.Д..

После тоа бил извршен претрес во домот на пријавениот и бил пронајден и одземен хероин.

Коронавирус