сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Хроника

Девојка тешко повредена во сообраќајка на патот Крива Паланка-Деве Баир

Девојка тешко повредена во сообраќајка на патот Крива Паланка-Деве Баир

Дваесет и тригодишна девојка од Крива Паланка се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 16.05 на патот Крива Паланка – Деве Баир, во близина на место викано „Бегови бавчи“.

Во несреќата, информираат од полицијата, учествувале „пежо 407“, со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Д.(27) од Крива Паланка и „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.П.(23) од Крива Паланка.

-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила С.П., констатирани во Здравствениот дом Крива Паланка, каде била пренесена за укажување на лекарска помош, се наведува во полицискиот билтен.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Парламентарни избори 2020