петок, 4. декември 2020. Вести денес: 37
home Хроника

Девојка тешко повредена по удар од автомобил во Гостивар

Девојка тешко повредена по удар од автомобил во Гостивар

Дваесет и две годишна девојка од село Дебреше се здобила со тешки повреди откако била удрена од автомобил.

Како што информира МВР, несреќата се случила вчера околу 13 часот на булеварот „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар

-Патничко моторно возило „Мерцедес“ управувано од А.С.(56) од село Порој-тетовско, удрило во Ф.И.(22) од село Дебреше, која се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Коронавирус