сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 24
home Хроника

Девојка прегазена од автомобил во Тетово, со тешки повреди пренесена во болница

Девојка прегазена од автомобил во Тетово, со тешки повреди пренесена во болница

Дваесет и три годишна девојка е тешко повреда откако вчера околу 17 часот била удрена од автомобил.

Несреќата, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, се случила на улицата „Страшо Пинџур“ кога автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Х.(54) од тетовски Порој, удрило во 23-годишната Ј.Т.(пешак) од Непроштено.

Девојката со тешки повреди била пренесена во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата бил узвршен увид од страна на екипа од СВР Тетово.