четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 127
home Хроника

Девојка прегазена кај „Кочо Рацин“, со тешки повреди пренесена во болница

Девојка прегазена кај „Кочо Рацин“, со тешки повреди пренесена во болница

Скопјанката Ѓ.Ѓ (20) вчера околу 12:25 часот била тешко повредена откако во неа удрил автомобил „Ренџ Ровер” со скопски регистарски таблички управувано од А.Б.Ц.Г. (30) од Скопје.

Несреќата, како што информираат од МВР, се случила на крстосницата од улица „Мајка Тереза” и улица „Ацо Караманов”.

-Во  незгода со повреди се задобила Ѓ.Ѓ.  која со возило на брза помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

 

Коронавирус