вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 42
home Хроника

Девојка повредена во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Девојка повредена во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Дваесет и две годишна девојка е повредена во сообраќајна несреќа која се случила вчера утрината на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Од МВр информираат дека во несреќата учествувале „Опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.И.(22) од Куманово и „Шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.В.(54) од Скопје.

-Во незгодата С.И. се здобила со повреди и била пренесена во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Коронавирус