среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Хроника

Девојка од Неготино со автомобил удрила пешак- со тешки повреди пренесен во болница

Девојка од Неготино со автомобил удрила пешак- со тешки повреди пренесен во болница

На улица „Маршал Тито“ во Неготино, вчера во 19.00 часот Н.Ј.(18) од Неготино, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“, со неготински регистарски ознаки, удрила во пешакот Ф.Р.(62) од Неготино.

Во незгодата Ф.Р. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.