понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 14
home Хроника

Девојче паднало од балкон од куќа

Девојче паднало од балкон од куќа

Тринаесетгодишно девојче синоќа паднало од балкон на вториот кат од куќа во гостиварска Долна Бањица, информираат од СВР Тетово.

При падот, девојчето се здобило со повреди на телото и било пренесено во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа од полициската станица во Гостивар. Се работи на расчистување на случајот.