среда, 23. септември 2020. Вести денес: 50
home Хроника

Девојче од Битола се качи во такси, а таму доживеа пекол

Девојче од Битола се качи во такси, а таму доживеа пекол

Во полициска станица во Битола И.Т.(40) пријавила дека вчера околу 14:30 часот нејзината 15-годишна ќерка влегла во такси возило по што му кажала на возачот да ја превезе до улицата каде живеела.

Откако тргнале со возилото, според изјавата на пријавителот, такси возачот започнал разговор, по што во еден момент се завртил и со раката ја штипнал за образот. Пред да стигнат во нејзиниот дом истиот посегнал со раката на задното седиште и ја допирал за градите.

Во 21.30 часот во Полициска станица бил повикан П.К.(53) од Битола, возачот на такси возилото и против истиот по целосното расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Коронавирус