четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 168
home Хроника

Девет женски лица затекнати во угостителски објект во Желино

Девет женски лица затекнати во угостителски објект во Желино

Девет женски лица се затекнати во акција на полицијата ноќеска од полноќ до 2:00 часот во угостителски објект во село Желино, тетовско сопственост на 46-годишен жител на ова село.

Како што соопшти МВР, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово при контролата, од деветте женски лица (пејачки и танчерки), три биле од Република Албанија и шест македонски државјанки.

Трите албански државјанки на возраст од 25, 30 и 33 години приведени се во Полициската станица Тетово и потоа предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и раедмисија за натамошна постапка, а сопственикот на објектот ќе биде повикан во Полициска станица Тетово.

Коронавирус