вторник, 20. август 2019. Вести денес: 72
home Хроника

Девет сообраќајни несреќи во Скопје во изминатото деноноќие- две лица тешко повредени

Девет сообраќајни несреќи во Скопје во изминатото деноноќие- две лица тешко повредени

Девет сообраќајки се случиле во изминатото деноноќие на ниво на Град Скопје од кои пет со материјална штета, две со тешки, а две со полесни телесни повреди.

Вкупно 22 лица се казнети зашто возеле со поголeма брзина од дозволената, 17 зашто зборувале на мобилен додека возеле, а девет зашто не носеле сигурносен појас.

Исклучени од сообраќај се 18 возачи од кои 17 без возачка дозвола и еден возач почетник.

Казнети се и пешаци, 22 зашто не поминале улица на пешачки и седум зашто поминале на црвено..

Со „пајак“ се подигнати 44 возила, а исклучени се 15, сите зашто не биле регистрирани.