вторник, 20. ноември 2018. Вести денес: 126
home Хроника

Девет сообраќајки во Скопје изминатите 24 часа, пешак тешко повреден

Девет сообраќајки во Скопје изминатите 24 часа, пешак тешко повреден

Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во шест од девет сообраќајни незгоди на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција во изминатото деноноќие санкционирала 27 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 16 возачи.

Според полицискиот извештај, еден возач управувал под дејство на алкохол, 14 управувале возило пред да се стекнат со право на возачка дозвола, еден бил почетник, девет нерегистрирани и еден поради претовар.

Непрописно биле паркирани 64 возила, а пајакот службата подигнала 69 моторни возила

Санкционирани биле и 16 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, двајца  пешаци поминале на црвено светло, шест возачи поминале  крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците, еден кој неправилно се престроил, еден неправилно пристигнувал и 24 возачи за не користење заштитен шлем.

Одделението за превенција во рамки на сообраќајно воспитната проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” денеска ќе реализира едукативни работилници во детска градинка „Весели Цветови“ објект „Перуника“ во општина Кисела Вода.