четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 127
home Хроника

Девет сообраќајки: Издадени 131 казна вчера во Скопје

Девет сообраќајки: Издадени 131 казна вчера во Скопје

Во текот на минатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи- Скопје се превземени мерки и активности и констатирано е дека 56 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 22 возачи, од кои еден затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 21 возач затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Од МВР соопштија дека од сообраќај се исклучени и 17 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца поради недавање на првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издаден е 131 мандатен платен налог.

Изминатиот ден се случиле девет сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а четири лица поминале со телесни повреди.

Коронавирус