среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 70
home Хроника

Девет лица повредени во сообраќајки во Скопје

Девет лица повредени во сообраќајки во Скопје

Девет лица се полесно повредени во седум од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, издадени се казнени мерки за 18 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, еден возач кој возел под дејство на алкохол, 12 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и четири возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени и 12 нерегистрирани возила. Издадени се и казни за 71 возило за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 54 возила.

Санкционирани се и четворица возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четворица возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување, двајца возачи на мотор, мопед и мотоцикл за некористење заштитен шлем, еден за неносење сигурносен појас и тројца за користење на мобилен телефон додека возеле.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници со ученици од четврто одделение во ООУ-„Кузман Шапкарев“ во општина Кисела Вода во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Коронавирус